сабота, 27 јули 2024

Недовршенот филм „Фанк Ју“, за југословенскиот фанк е сниман во еден дел во Скопје

Филмскиот тим на документарниот филм Funk YU, во режија на Франко Дујмиќ, кој истовремено и главен протагонист на филмот, започна со краудфандинг кампања. Нивна цел е да соберат средства за завршување на филмот и негово што побрзо прикажување пред публиката во Хрватска, а исто така и во регионот и светот. Funk YU е документарен филм кој ни открива тајните на светот на винилните плочи, звуците на југословенскиот фанк, духот што го имаат страстните колекционери на грамофонски плочи и DJ-евите. Во Скопје во еден дел е сниман филмот, а е разговарано со Тошо Филиповски, автор на енциклопедии за македонската рок музика и сопственик на голема винилотека.

Објавено на

часот

Сподели

Преку соопштението за филмот запознаваме големи имиња од регионот – Пеџа Радовиќ од Подгорица, DJ-еви од Загреб: D-Gree и Soul Bader, DJ Теткине радости од Љубљана, најпознатиот белградски продавач на плочи Борко (Југовинил), но и македонецот Тошо Филиповски – кој е жива енциклопедија за YU и МК рок, а за крај го запознаваме и  DJ Смеѓи Шеќер – врвен истражувач на YU звуците во регионот. Сите кои донираат можат да изберат одлични подароци за себе и своите пријатели – љубители на фанк музиката.

Филмот е започнат со снимање пред пет години, а како би се завршил во целост и да се прикаже пред публика потребно е да се соберат уште додатни донации за постпродукцијата на филмот. Целта на кампањата е токму таа, да се соберат средства за музички права, колор корекција, дизајн на звук и звучен микс и изработка на сите останати материјали за дистрибуција.

д

Краток опис на филмот

Франко Дујмиќ е страстен љубител на музика и колекционер на плочи, а во овој филм ја бара плочата „Улица на јоргованите” од Дарко Домијан, еден од популарните синглови кои ги имале сите домаќинства. Потрагата го води низ градовите на поранешна Југославија, каде што запознава вистински љубители на винил, колекционери, луѓе кои живеат за музиката и обожаваат фанк. На своето патување тој ќе научи како да стане диџеј, зошто е важно да се чува домашната музика, што значи да се биде колекционер на винилни плочи.

Филмот се снимаше неколку денови на локации во Скопје: музичкиот дуќан „АПоТЕКА“ во МКЦ, Македонска опера и балет и неколку екстериерни локации. Снимањето во македонија беше предводено во извршна продукција на Скорпион Филмс од Кавадарци, а македонска екипа која работеше на филмот е: извршни продуценти: Александар Арсовски, Ѓорѓи Лазов; асистент на камера: Виктор Јончевски, гафер: Сашко Стојановски, снимател на звук: Горазд Радевски, Сценограф и реквизитер: Дејан Ѓошевски, помошник електричар: Ненад Пејиќ.

д

„Цел живот се обидувам да придонесам за музиката (иако не сум музичар), во развојот на македонската музичка сцена. Пасијата е веројатно нешто наследно, јас сум собирал, притоа не сум размислувал дали сето тоа некогаш ќе ми затреба. Почнав во позрели години да размислувам како да допринесам, па сфатив дека ако убаво ги подредам и проучам сите материјали дека може да произлезе една добра книга. Во книгата ‘Македонска дискографија на винили’ се вклучени 333 изданија на винили, објавени било каде во светот, а каде што се наоѓаат македонски бендови. Мојата страст коинцидира со потребата на една држава сериозно да си го зачува своето културно богатсво кога зборуваме за музика. Државата тоа треба да го работи, а не го работи“, изјави Тошо Филиповски за време на снимањето на документарниот филм.

сд

Зошто crowdfunding кампања?

„Имам впечаток дека краудфандинг кампањите станаа стандард во затворањето на финансиската конструкција на документарните филмови. Филмот е таков вид на уметност каде амбициите се секогаш големи, а парите малку. Иако добивме финансиска поддршка за филмот од различни страни, ни треба уште еден мал дел за да го завршиме ова епско патување од пет години. Истовремено, кампањата ни обезбедува одличен начин за првпат да го претставиме проектот на публиката, пред филмот воопшто да излезе, да изградиме заедница каде што повторно би го ставиле фокусот на грамофонските плочи и звукот на југо-фанк. Југословенскиот фанк е митски жанр кој постои и не постои, зависи кого прашувате. Ние сметаме дека и тоа како постои, што го докажуваат различни забави и, на крај, DJ-еви кои ја одржаваат таа сцена”, кажа Франко Дујмиќ, режисер и главен актер на филмот Funk YU.

д

Кампањата е активна до 25-ти јануари 2024 година, сите кои се заинтересирани за темата и за звукот на добриот стар ЈУ фанк, може да ја посетат страницата на Ulule и да се донира симболично за овој филм Секој што ќе донира името ќе биде запишано на одјавната шпица на филмот.

Филмската екипа ја сочинуваат: Франко Дујмиќ, режисер и главен актер во филмот, Тамара Бабун и Матија Дрниковиќ, продуценти од продукциската куќа Wolfgang&Dolly, директор на фотографија Фране Памиќ, монтажер Данијел Брлас и Лада Боначи и Александар Арсовски, задолжени за решавање на авторските права на сите музички дела и останати архивски снимки.

д

Филмот беше поддржан од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Филмскиот центар на Црна Гора, RE-ACT, Град Загреб, Град Ријека, Град Дубровник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ