Најголем ризик од недостаток на витамин Д се луѓето кои ретко излегуваат на сонце, луѓето со потемна кожа, постарите лица и оние со заболувања на бубрезите и црниот дроб, ова се некои од болестите и состојбите поврзани со неговиот недостаток.
Болести на коските и мускулите
Рахитис (кај деца) – предизвикува слаби и деформирани коски поради намалена минерализација.
Остеомалација (кај возрасни) – предизвикува болки во коските и мускулна слабост.
Остеопороза – го зголемува ризикот од фрактури поради намалена густина на коските.
Саркопенија – губење на мускулната маса и сила, особено кај постарите лица.
Автоимуни болести
Мултиплекс склероза (МС) – истражувањата покажуваат дека ниското ниво на витамин Д може да го зголеми ризикот од развој на МС.
Ревматоиден артритис – недостаток на витамин Д може да придонесе за воспаление и болки во зглобовите.
Дијабетес тип 1 – поврзан со послаб имунолошки одговор.
Кардиоваскуларни заболувања
Ниското ниво на витамин Д може да придонесе за висок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања.
Инфекции и ослабен имунолошки систем
Чести респираторни инфекции, вклучително и грип и настинки, како и зголемен ризик од тешка форма на ковид.
Психичко здравје
Депресија и анксиозност – витаминот Д учествува во регулацијата на серотонин, хормонот на среќата.
Когнитивно опаѓање и деменција – истражувањата укажуваат на можна поврзаност со Алцхајмерова болест.
Нарушувања на метаболизмот
Дијабетес тип 2 – може да влијае на отпорноста на инсулин.
Дебелина – масните клетки можат да го „заробат“ витаминот Д, намалувајќи ја неговата достапност до телото.