Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот повторно ќе биде ставен во функција.
„Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да ги поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН). Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата“, наведува УЈП.
Според Управата, целта на интервенциите е усовршување и оптимизација на е-Даноци за уште поефикасни и побезбедни услуги.