понеделник, 30 септември 2024

Небезбеден е тунелот на обиколницата над Битола, се движат луѓе, паѓаат тврди предмети

Tунелот над Битола, на обиколницата за Ресен, е небезбеден, предупредуваат граѓани и велат дека нема соодветна сообраќајна сигнализација, нема осветлување, а можно е да се наиде и на луѓе кои минуваат низ тунелот. Има и други опасности.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат за МИА, освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ тунелот, во текот на денот, но и ноќе, се движи дел од локалното население.

За потсетување, пролетоска, жител од селото Ивањевци пријави дека во близина на тунелот, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило и го оштетиле, а настанот беше евидентиран во сообраќајниот билтен на СВР-Битола.

Сообраќајниот тунел на битолската обиколница се наоѓа кај месноста Германски Гробишта, приодот по коловозот до тунелот често е неуреден со расфрлан смет и цврст отпадок.

Последен пат за подобрување на безбедноста на овој сообраќајниот тунел беше интервенирано во месец октомври 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ