сабота, 11 јануари 2025

Небензја до Американците: Дајте ни нас 10 милиони, знаеме како да ви помогнеме

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја на шега понуди да им помогне на Американците да го пронајдат лидерот на групата „Хајат Тахрир ал-Шам“ (терористичка организација забранета во Русија) Абу Мухамед ал-Џулани, во замена за ветената награда, пренесува Спутник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Стејт департментот го признава Ал-Џулани како водач на „Хајат Тахрир ал-Шам“ и нуди награда од 10 милиони долари за помош во неговото апсење. Им реков на Американците: дајте ни нас 10 милиони. Знаеме како да ви помогнеме. Ќе ви ја дадеме адресата каде што можете да го најдете“, им рече Небензја на новинарите по консултациите на Советот за безбедност на ОН за Сирија.

Рускиот дипломат не откри дали Американците се согласиле со предлогот.

Како што рече, статусот на таа група како терористичка организација е „проблем“.

Русија ќе ја следи ситуацијата во Сирија, сите, вклучително и членовите на Советот за безбедност на ОН, беа изненадени од промената на власта во таа земја, изјави дипломатот.

„Советот, би рекол, беше повеќе или помалку едногласен во однос на потребата да се зачува територијалниот интегритет на Сирија и да се обезбеди заштита на цивилите“, нагласи Небензја.

Според него, консултациите на Советот за безбедност на ОН за Сирија, кои се одржаа во понеделникот, биле позитивни.

Членовите на Советот разговараа за потребата од изработка на документ поврзан со ситуацијата во Сирија, на него ќе се работи во наредните денови, додаде Небензја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ