сабота, 27 јули 2024
Постојаниот претставник на Русија во ОН

Небензја: Чудни се обвинувањата за воени злосторства од државата што ги уништи Ирак, Сирија, Авганистан и ја бомбардираше Југославија

Заменик-постојаниот претставник на Америка во Обединетите нации Роберт Вуд на седницата на Советот за безбедност за ситуацијата во Појасот Газа ѝ порача на Русија дека нема право никого да критикува бидејќи продолжува да ја бомбардира Украина. Рускиот претставник Василиј Небензја, пак, ги советуваше САД прво да ги погледнат сопствените постапки и потсети на американското бомбардирање на Југославија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претставник ја обвини Русија дека извршила „воени злосторства“ во Украина, а рускиот претставник Василиј Небензја го обвини Вашингтон дека повеќе пати ја блокирал резолуцијата на СБ на ОН со повик за итен прекин на огнот.

Потоа Вуд ја обвини Русија дека „не помага во решавањето на хуманитарните кризи, туку ги создава“ и дека грубо ја прекршува Повелбата на ОН, имајќи го предвид конфликтот во Украина.

Небензја одговори дека ситуацијата во Украина и Газа е „неспоредлива, бидејќи Русија не го бомбардира цивилното население на Украина“. Истакнувајќи дека Вашингтон извршил инвазија на Ирак и други земји, рускиот амбасадор предложи „да не го претвораме Советот за безбедност во дуел меѓу САД и Руската Федерација“.

Според Небензја, генерално е „чудно да се слушне какво било обвинување за наводни воени злосторства од претставник на државата што ги уништи Ирак, Авганистан, Сирија и интензивно ја бомбардираше европската земја Југославија“.

„Кои сте вие да ни држите лекции за тоа? Вие сте земјата што ги уништи Ирак, Авганистан, Сирија и која ги употреби варварските тепих-бомби во тие земји, вклучувајќи ја Југославија. Според тоа, пред да се обидете да ја видите мувата во туѓото око, обрнете внимание на слонот во вашето“, рече рускиот дипломат.

Рускиот постојан претставник ја коментираше ситуацијата во Газа, истакнувајќи дека во 21 век, пред очите на целиот свет, стотици илјади луѓе веќе ги немаат основните услови за живот – луѓето гладуваат, децата немаат доволно вода. Небензја нагласи дека со овој пристап, цела генерација жители на Газа може да добијат многубројни функционални пречки во развојот поради недостиг од пристап до вода, храна и основни добра.

„А ние во 21 век сме принудени да го набљудуваме овој средновековен пристап, кога луѓето се лишени едноставно од можноста да живеат“, рече Небензја.

Тој им рече на американските претставници во Советот за безбедност на ОН дека тие зборуваат за руски „варварски бомбардирања на Украина“, но ги немаат ни спомнато вистинските варварски бомбардирања – нападите врз Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ