петок, 25 октомври 2024

Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата, нова кампања на Царинската управа

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на кампањата „Стоп за корупцијата“, од 9-ти до 17-ти август на граничните премини ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.

„Пријави на 197, отворена линија на Царинската управа. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал. Поткопување на националната безбедност, даночни загуби и намалување на странските директни инвестиции се само едни од штетните последици што ги предизвикува корупцијата“, се дел од пораките потенцирани во брошурата.

м

Кампањата за подигнување на јавната свест за пријавување на случаите на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службените должности од страна на царинските службеници ќе се спроведува во внатрешните испостави низ државата и на граничните премини  Богородица, Ново село, Дојран, Табановце, Делчево, Блаце, Аеродром Скопје и Ќафасан.

б

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ