Во првиот случај, вчера вечер во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.
Според пријавеното, непознато лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат.
„Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Во вториот случај, доцна синоќа исто така во СВР Скопје, 82-годишна жена скопјанка, пријавила дека била измамена за сума од околу 700.000 денари.
Според пријавеното, непознато лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
„Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.