понеделник, 16 септември 2024

Не стивнува пожарот во Мариово, огнената линија се зголеми на 30 километри

Огнената линија на пожарот во Мариово, по шест дена откако избувна, сега се зголеми на над 30 километри. Преку 200 професионалци се борат огнената стихија да не влезе во населените места и во верските објекти.

Фото: Фесјбук

Објавено на

часот

Сподели

Од прилепскиот кризен штаб веруваат дека е надмината опасноста пожарот да навлезе во селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец, но продолжува одбраната околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен – Смолани.

Ирена Стерјоска Локвенец, началничка на прилепскиот кризен штаб, информира дека одбраната од пожарот најмногу е концентрирана околу Крушевица, кон селото Дуже, над селото Прилепец, а кај селото Селце го чуваат манастирот „Свети Димитрија“.

„Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион, а на располагање во вкупните сили денеска се 100 припадници на армијата, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП Национални шуми , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои вчера излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите и да ги локализираме жариштата што беа активни. Во овој момент, потенцирам, нема опасност за верските објекти и нема простор за загриженост“, подвлече таа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ