сабота, 27 јули 2024

„Не смее да има милост за педофилите“: Орбан поднесе уставен амандман со кој би се спречило помилување

Унгарскиот премиер Виктор Орбан поднесе уставен амандман со кој би се спречило помилување на осудени за злосторства над малолетници, додавајќи дека негово лично уверување е дека „не смее да има милост за педофилите“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека е отворена дебата за овластувањата на претседателското помилување, додавајќи дека „сега не треба да бидеме адвокати, туку нештата да се одредат јасно и недвосмислено“, пренесе агенцијата МТИ.

Орбан го поднесе амандманот откако опозициските партии во Унгарија го засилија притисокот врз претседателката на земјата Каталин Новак, со порака дека повеќе не е подобна да ја врши претседателската функција откако минатата година помилувала поранешен заменик директор на државен детски дом, осуден на повеќе од три години затвор поради помагање во прикривањето на случајот на сексуално злоставување извршено од директорот на таа установа, а кој е осуден на осум години поради злоставување најмалку десет деца во периодот од 2004 до 2016 година.

Новак негираше дека постапила непрописно и ги отфрли барањата за формално објаснување на својата одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ