сабота, 27 јули 2024

Не се знае вистината за Бахмут

Објавено на

часот

Сподели

Борбите во Бахмут продолжуваат, а руските сили продолжуваат да водат офанзивни акции, наведоа украинските сили, пренесува Гардијан.

Украина извести дека во изминатиот ден руските сили „неуспешно се обидоа да ги вратат изгубените позиции јужно од (блиската) населба Иванивска”.

Русија исто така изврши и воздушни напади врз Бахмут.

Гардијан пишува дека не  може да ги провери противречните соопштенија на украинската и на руската страна за Бахмут.

Дека руските сили ја презеле целосната контрола над Бахмут најпрвин во саботата објави водачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер”, Јевгениј Пригожин.

Руското Министерство за одбрана потоа потврди дека Бахмут, како што е наведено, „е ослободен”, по што рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на организацијата „Вагнер” и на припадниците на Вооружените сили на Русија за заземањето на овој украински град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата негираше дека Руси го зазеле Бахмут.

Претходно Ројтерс објави дека Зеленски на прашањето дали Бахмут и понатаму е под контрола на Киев одговори: „Мислам дека не”.

„Денес Бахмут е само во нашите срца”, рече Зеленски и додаде дека „таму нема ништо”.

Американската агенција Асошијетед прес исто така јави дека Зеленски потврдил дека Русија ја презела контролата над Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ