сабота, 27 јули 2024
Брифинг на портпаролот на грчката влада

Не се почитува договореното име, не е тоа наш предизборен адут, вели Маринакис

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис вели дека Договорот од Преспа и неговото непочитување не влезе како адут во предизборната кампања на грчката владејачка партија, туку, додаде, станува збор за владина реакција на „неприфатливото, историски погрешното и спротивното на билатерално договореното и изгласано од двете земји, како што е наведено во Договорот од Преспа“.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на тоа што Грција е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни, а Договорот од Преспа е присутен во говорите и интервјуата на партиите, дописничката на МИА од Атина на брифингот го прашаа Маринакис, дали конкретната тема ќе игра улога во резултатите, на што владиниот портпарол посочи дека „одговорот е субјективен и се однесува на секој гласач посебно“, односно врз основа на кои критериуми ќе гласаат и додаде дека тие како Влада се задржаа на теми со европска димензија.

„Но, има и актуелни прашања, дали од надворешната или внатрешната политика, кои ги засегаат граѓаните. Прашањето кое го споменавте не влезе во предизборната агенда од Владата. Владата, како што имаше обврска, реагираше на неприфатливото, историски погрешното и спротивното на билатерално договореното и изгласано од двете земји, како што е наведено во Договорот од Преспа“, рече Маринакис.

Се осврна и на барањето на СИРИЗА да се изгласаат меморандумите и истакна дека „ако нешто треба да ги загрижува гласачите тоа е ставот на главната опозициска партија“, за која рече дека наместо да се обедини со националниот став „земјата да не губи преговарачки оружја против соседите“, неоправдано брза и бара да сè да се изгласа.

„Во моментот, кога нашите соседи не го почитуваат ни основното, дојде СИРИЗА и побара од Владата да даде сè, да гласа сè и да ги ратификува сите меморандуми што го придружуваат Договорот од Преспа, од кои едниот се однесува и на интегративниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија. Ова е нешто што е добро да се нагласи во пресрет на евроизборите“, додаде Маринакис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ