сабота, 27 јули 2024

Не само пасошите туку и личните карти и возачките ќе се проверуваат на сајтот на МВР

Жителите на Градот Скопје кои веќе се фотографирале за лична карта или возачка дозвола ќе можат да проверат до каде е нивната изработка без притоа да мора да одат во полиција, најави денеска министерот за внатрени работи Панче Тошковски. По теркот на пасошите, проверката ќе може да се направи на веб страницата на МВР. Тошковски денеска изврши увид во пилот-проектот и новиот начин на функционирање на вадењето на лични документи по системот „земи бројче“, систем кој функционира во банките но и во некои други државни институции.

Објавено на

часот

Сподели

Една од мерките кои што се преземаат сега е да се овозможи жителите на Скопје наместо да одат по неколкупати во полициска станица, проверката до каде им е изработката на личната карта и на возчаката да го направат преку веб страницата на МВР, рече Тошковски по денешната посета на МВР во Куманово.

„Сега работиме на оваа решение. Но имаме само еден скенер од кој шти ги влечеме податоците и оваа мерка ќе важи само за Скопје. Толку се капацитетите, но чекор по чекор ќе го нормализираме процесот на вадење лични документи“, рече Тошковски.

Тошковски денеска изврши увид во пилот-проектот и новиот начин на функционирање на вадењето на лични документи по системот на „еми бројче“, систем кој функционира во банките но и во некои други државни институции.

„Целата на овој проект е колку што е можно повеќе на достоинствен начин да го олесниме процесот на вадење лични документи“, рече Тошковски.

Тој признава дека ваквиот начин на вадење лични документи е во судир со закажувањето термин или по телефонски или по електронски пат, но за тоа, рече Тошковски, требало да мисли некој друг претходно.

Во врска со промената на веќе закажаните термини на дел на граѓаните, Тошковски рече дека МВР се обидува правично да го истурка целиот процес на замена на личните документи.

„Во овој момент се регистрирани околу 300.000 закажани термини и реално, тешко е со ова да се справиме на најправичен и на најправеден начин. Списокот на термини го прочистуваме на една недела, некаде се обидуваме тоа да го правиме од ден за ден, но ќе направиме сѐ овој процес да го истуркаме најдостоинствено што може“, рече Тошковски.

Прашан за одлуката на Владата да поништи пет негови наредби како министер, Тошковски рече дека таквата одлука е крајно незаконска и крајно скандалозна.

„Незаконски и скандалозно, особено што станува збор за наредба издадена на колешка токму за процесот на издвање на лични документи. Ајде што се тотално неинформирани и правно непотковани туку се и крајно дрски. Како не им е срам“, рече Тошковски.

Тој не знаеше да каже дали е точна информацијата дека вработени во МВР во Куманово не оделе на работа поради рамазанските пости, но најави дека ако е тоа вистина ќе направи реорганизација на работата во кумановската полиција.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ