сабота, 27 јули 2024

Не пипај! Има ли магија за да се влезе или е скриена камера?

Има ли магија за да се влезе во зградата на МРТ или е скриена камера? Вака се прашуваат граѓани дојдени за да исчекаат редици и да подигнат пасош, лична карта или возачка дозвола на кои ќе пишува дека државата е северна. Како да се влезе ако не се пипне вратата? А на неа пишува „Не пипај“.

Објавено на

часот

Сподели

И сега, се собра народ и се чуди како да влезе. И се размислува…

Ако пипнам врата, а пишува дека не смее, како да влезам? А ако пипнам и влезам, да не ми скокне некој полицаец зашто пипнав? А ако пипнам, да не падне вратата? А ако не пипнам како да влезам?

И така се размислува и се чуди. И се врти народ…

А да не има скриена камера? А можно е, па ова е зграда на телевизијата независно што има полицајци. И после утре ќе се гледаш како како смотан некој се врткаш пред вратата.

И така се размислува и се чуди и се врти народ. И по некој ќе пипне врата. И тргнува и размислува…

Ако има камера ќе се гледам како се врткам назад кон вратата и како гледам дали нешто се случува, дали паѓа вратата, дали скока полицаец… и забрзувам чекор кон шалтерите…

Ех, вечно Скопје.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ