сабота, 27 јули 2024

„Не нудете ни примирје, додека Русија не ги ослободи окупираните територии, нашиот преговарачки тим е оружјето“

Објавено на

часот

Сподели

„Не нудете ни примирје. Тоа е невозможно без повлекување на руските трупи. Украина не е заинтересирана за нов Минск и продолжување на војната за неколку години“, напиша тој.

„Додека Русија не биде подготвена да ги ослободи окупираните територии, нашиот преговарачки тим се оружјето, санкциите и парите“, порача Подолјак.

Под „нов Минск“ тој мисли на договорите во Минск со кои беше постигнато примирје во конфликтот за двата сепаратистички региони. Во септември 2014 година Украина и сепаратистите поддржани од Русија склопија договор од 12 точки за прекин на огнот, а потоа во 2015 и втор договор од 13 точки, кој предвидуваше воени и политички чекори што никогаш не беа исполнети во целост.

Неговите одредби вклучуваа размена на затвореници, испорака на хуманитарна помош и повлекување на тешкото оружје. Сепак, договорот брзо пропадна, со прекршувања од двете страни, а во тоа придонесе и инсистирањето на Русија дека не е страна во конфликтот и дека затоа не е обврзана на условите од договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ