сабота, 27 јули 2024
Изјава на лидерот на социјалистите

Не му веруваме на премиерот, нашиот став за уставни измени е затворено прашање, изјави Димовски

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не знам колку пати тоа го имаме изјавувано, еве и сега во оваа прилика од неколку причини. Прво, затоа што сметаме дека тоа е штетно по интересите на македонскиот народ и на македонската држава. Второ, тоа е последното барање кое што е доставена од страна на источниот сосед за кое што ние своевремено пред година дена, не е тоа толку далек период, инсистиравме како опозициска партија да бидеме во тек со разговорите коишто ги има нашата власт со бугарската страна. Бевме одбиени со многу плиток изговор дека има работна група и дека раководните личност во државата за тоа не знаат. Се испостави дека тие директно биле вклучени, но затоа беше опозицијата исклучена од сето тоа – никој нас за ништо не не праша. Сега е сосема нелогично да бидеме повикувани да бидеме дел од работна група“, рече Димовски.

Тој, како што кажа, нема доверба во премиерот Ковачевски и не му верува и оттаму не гледа причина за учество на СПМ.

„Нека им со среќа на работната група, ќе си работат тие не знам што, но јас можам само да кажам дека гласот на пратениците од СПМ и гласот воопшто на сите пратеници од коалицијата Обнова на Македонија односно на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да добијат уставни измени во овој парламентарен состав, изјави Димовски.

Инаку, во Социјалистичката партија се одржа промоцијата на македонското издание на книгата „Дали е социјализмот можен“ од Александар Грличков, а промотор беше Ивица Боцевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ