сабота, 26 октомври 2024

Не може да има екстрадиција за осудените терористи од Диво Насеље, категоричен е министерот Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Не може да се разговара за каква било екстрадиција за луѓе коишто сакаа да ги нарушат мирот и стабилноста на државата“, рече Спасовски по денешното откривање на спомен-обележјето во чест на осумте припадници на единицата „Тигар“ кои на 8 и 9 мај 2015 година беа убиени од терористичката група за време на борбата со нив во Диво Насеље“.

Прашан за коментар дали треба да има претставка за градоначалникот на Штип за славењето на битката за Брегалница каде официјален претставник на српската држава ја нарече земјава Јужна Србија и Стара Србија, како што претходно имаше за градоначалниците на Тетово и на Чаир за посетата на косовскиот премиер Албин Курти, рече дека нема селективно постапување и доколку се утврди дека е потребно ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Секако дека нема селективно постапување. Кажав многу јасно и отворено дека секој еден којшто на кој било начин ќе придонесе да го нарушува достоинството на македонскиот народ и македонската држава и на сите граѓани коишто живеат во Република Северна Македонија ќе мора да носи одговорност. Така што, и за овој случај доколку имаме таков настан, секако дека кога ќе се утврдат сите факти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, рече Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ