Дали ќе се чека нов парламентарен состав и нова Влада за да евентуално се намалат функционерските плати кои беа покачени за дури 78 отсто и каков е коментарот за новото покачување од 400 евра со јануари кое и нему ќе му следува, а на што предупреди Синдикатотот на јавната администрација, премиерот Ковачевски одговори:
„Мене нема да ми следува бидејќи јас на 28 јануари ќе поднесам оставка, согласно одлуката за настапување на техничка влада. А во однос на избрани и именувани функцционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер, за тоа има работна група која својот заклучок треба да го достави до Собранието и тоа да го даде последниот збор“, рече Ковачевски.
На новинарско прашање – констатација дека работната група работи на решение за функционерските плати безмалку една година и зошто толку се чека, премиерот одговори:
„Работната група треба да каже“.
„Премиере, не ја прашавте работната група?’, беше следното потпрашање.
„Ја прашав, велат дека работат“, одговори премиеорт.