петок, 18 октомври 2024

Не ме пукај со шампањ

Објавено на

часот

Сподели

Македонците немаат некоја посебна навика да пијат шампањ, па обично тој се отвора само при важни настани, свадби, годишнини…, и разбирливо е што е така, зашто овој пијалак отсекогаш држел висока цена. Второ, но не помалку важно, на Балканот и не се прави некоја голема разлика меѓу пенливото вино, италијанското спуманте и шампањот, бидејќи сите се нудат под едно исто име, шампањ. Но единствено право на името шампањ има само пенливото вино што се произведува во француската истоимена област и од каде што уникатните шампањи се дистрибуираат низ светот.

Бојата на шампањот варира од светлозлатна до темнорозова, сè зависи од тоа колку шампањот „одлежал“. Назнаките на шишето се еднакво важни, „brut nature“ значи дека шампањот е многу сладок, „simple brut“ дека не е сладок, а „doux“ – некаде на средина, ниту премногу благ ниту горчлив.


Шампањот секогаш се пие многу ладен, затоа и се служи во сад полн со мраз. Можеби многумина ќе се почувствуваат непријатно ако знаат дека е срамота при отворањето тапата да испушти силен звук, односно „шампањот да пукне“, а уште посрамота е тапата да летне до плафонот. Вистинските познавачи го отвораат шишето тивко, со слаб звук, зашто токму тој звук има уште едно важно значење. Ако шампањот при отворање „пука“, значи дека станува збор за изветреан шампањ, а обратно на тоа, слабиот звук значи дека се работи за свеж, квалитетен пијалак.

Но подобро е да се научи подоцна отколку никогаш. А за да се искупите што не сте знаеле, ако веќе нарачувате шампањ, направете го тоа со стил и информираност, па побарајте ги следниве од листата:

1. Perrier Jouet belle еpoque blanc de blancs 2002
Прилично пенлив, со цветна миризба и вкус на ананас. Се служи со морски специјалитети и риба, а цената му е 450 евра.

2. Pommery cuvee louise 1999

Pommery cuvee louise 1999

Се пие во текот на целиот оброк. Цена 150 евра.

Овој скап шампањ се служи само со предјадење

3. Bruno Paillard N.P.U 1996
Со цветна нота, со вкус на лимон и јаболко, се служи само со предјадењето. 300 евра.


4. Taittinger comtes de champagne, blanc de blancs 2000
Со нота на лешник и зачини, на непцето остава силен вкус, а се служи со риба. Цена 140 евра.

Најпопуларниот шампањ

5. Dom Perignon Vintage
Има интензивна миризба, се служи во текот на целата вечера. 150 евра.

И се разбира, доколку и келнерот во ресторанот ви се погоди со доволни познавања за шампањот, вие ќе го оставите без збор со овој ваш избор. Но само доколку не ве „издаде“ (ако е погрешна) транскрипцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ