Халил Умут Мелер заврши во болница откако по крајот на синоќешниот натпревар помеѓу Анкарагучу и Ризеспор, претседателот на домашниот тим се симна на теренот и го нокаутираше.
Во својот исказ пред властите, судијата открил дека добил и закани по неговиот живот.
„Фарук Коца ме удри под левото око, паднав на теренот. Додека лежев на теренот, ме удрија неколку пати. Ме клоцаа по главата и другите делови од телото. Фарук Коца ми рече, „Готов си“, потоа ми дофрли, „Ќе те убијам“. Ќе поднесам тужба против Фарук Коца и сите други кои ме удираа. Нема да правам никаков компромис“ – рекол Халил Умут Мелер.