недела, 20 октомври 2024

Не издавале фискални сметки, работници работеле на диво, констатирале инспекторите во угостителски објекти во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на контролата, соопштија денеска од МВР, во еден угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле констатирани неправилности од страна на УЈП согласно Законот за регистрирање на готовинско плаќање, додека трудовата инспекција утврдила непријавени работници во објектот. За констатираните неправилности, ќе бидат изречени санкции. Во друг угостителски објект на подрачјето на Аеродром, се додава во соопштението, констатиран е прекршок во врска со присуство на малолетник по полноќ и ќе следува соодветна санкција.

„При контролата во угостителски објекти во Градскиот парк, во два од нив УЈП констатира неправилности од Закон за регистрирање на готовинско плаќање, недостатоци се утврдени и од страна на пазарната и трудовата инспекција, за кои се дадени соодветни задолженија за правните лица“, информираа од денеска од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ