сабота, 27 јули 2024

Не функционира обидoт на Западот да ги ограничи цените на руската нафта

Ценовниот лимит н руската нафта повеќе не функционира, предупреди група западни осигурителни компании, истакнувајќи дека ограничувањето само поттикнало повеќе бродови да се придружат на флотата која се обидува да го заобиколи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За да ги ограничи приходите на Москва за војната во Украина, групата седум индустриски најразвиени западни земји Г7 одреди ценовен лимит за руската нафта од 60 долари по барел, заканувајќи им се на превозниците и осигурителните компании со санкции ако сервисираат поскапа нафта.

Тие поставија и лимит за нафтени деривати како бензин и дизел, од 45 односно 100 долари по барел.

Лимитот не ја оствари посакуваната цел бидејќи Русија почна да превезува нафта со своја флота и бродови кои Западот не ги контролира, предупреди Меѓународната група на клубови на осигурувачи и задолжителни осигурување во пишана изјава.

Изјавата е предадена како пишан доказ денес на сослушување во британскиот парламент. Групата во писмото наведува дека опфаќа 12 осигурителни компании во поморскиот превоз на товар кои покриваат 87 отсто од товарите на светските океани.

„Се наметнува заклучокот дека станува речиси невозможно да се спроведува во дело одлуката за лимитот на цената на нафтата, бидејќи сè повеќе бродови и поврзани услуги дејствуваат во паралелна трговија“, истакна групата. „Проценуваме дека околу 800 танкери веќе излегле од Меѓународната група на клубови, што е директна последица на воведувањето горна граница за цената на нафтата“, додаваат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ