сабота, 27 јули 2024
Тренерот на Барса со нови замерки пред дуелот со Рајо и Димитриевски

Не е само висината на тревата и сувиот терен, на Чави му сметаат и димензиите на игралиштето на Ваљекас

Објавено на

часот

Сподели

Чави изминатиов период упати многу замерки, се жалеше на висината на тревата, суви терени и термините на натпреварите (не сакал да игра на сонце).

Во пресрет на гостувањето кај Рајо, предводникот на Барса најде замерки и за димензиите на теренот на Ваљекас.

„Не очекува натпревар со голем интензитет. Противникот е агресивен, има помалку простор за игра бидејќи димензиите на теренот се помали. Ќе биде навистина тешко“ – рече Чави на средбата со новинарите.

„Се надевам дека тревата ќе биде искосена и да, тоа што ќе играме во 22 часот е во наша корист“.

Според Марка, димензиите на Ваљекас се 100 на 67 метри, додека пак оние на Камп Ноу се 105 на 68 метри.

Поради неговите коментари изминативе денови, медиумите од Мадрид го нарекоа Чави „градинар“.

„Искрено добро се насмеав, ова не е ништо ново, слично беше и пред неколку години. Нема да престанам со замерките“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ