сабота, 2 ноември 2024
Изјава на шефот на државата

Не е проблем ако Курти дава некому политичка поддршка, смета Пендаровски

Господинот Курти може да дава политичка поддршка кому сака, со години наназад поддршка на партии тука им искажуваат од Партијата на европските социјалисти или пак, од Европската народна партија кон десницата, изјави претседателот Стево Пендаровски при посетата на Државниот универзитет во Тетово и потсети дека на избори може да учествуваат само македонски државјани.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со најавата од Европскиот сојуз за промени дека членови и симпатизари на Самоопределување од Косово, партија на косовскиот премиер Аљбин Курти, ќе учествуваат на изборите на листите на опозициската коалиција, Пендаровски вели дека тоа не е проблем.

„Поддршка од Курти на луѓе кои се македонски државјани, не е спорна. Овде не станува збор за странци кои ќе учествуваат на наши избори, бидејќи тоа е недозволено. Сите тие луѓе кои се споменуваат во медиумите како негови луѓе се државјани на Република Северна Македонија и имаат право да учествуваат на избори. А политичка поддршка, господинот Курти може да биде кому сака, бидејќи тоа со години наназад го прават Партијата на европски социјалисти на оние партии кои тие ги поддржуваат тука и Европската народна партија за десните партии во Македонија“, изјави Пендаровски.

Прашан за коментар на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Курти сака да ја победи ДУИ во Македонија, Пендаровски нагласи дека не би сакал да коментира странски државници кои имаат веројатно некоја својата домашна агенда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ