ПСЖ изминатово лето изненади многумина кога реши да одвои 22 милиони евра и да го ангажира Ли Канг Ин од редовите на Мајорка.
Пред две недели беше објавено дека дресот на фудбалерот од Јужна Кореја е најпродаван во Париз, повеќе дури и од првата ѕвезда Килијан Мбапе, и покрај тоа што тој има ограничена минутажа.
Но очигледно тој не бил купен само за да се продаваат дресови, Ли Канг Ин на синоќешниот натпревар против Монпеље импресионираше со својата партија.
Cette vue est incroyable sur ce but magnifique #PSGMHSC #PSG pic.twitter.com/ZJu3xtRC6e
— KANG-IN-LEE (@kangInleeFra) November 3, 2023
Тој прекрасно погоди во аголот од врвот на шеснаесетникот за 1-0, а потоа воодушеви и со неколку дриблинзи, но и со играта во одбраната и неколку освоени топки.
Je reposte cette récupération de kang-in lee #PSG #PSGMHSC https://t.co/Q1ONVQNQkz pic.twitter.com/HQQ8yPbVrL
— KANG-IN-LEE (@kangInleeFra) November 3, 2023
По крајот на натпреварот, Луис Енрике не го криреше задоволството и рече: „Тој е големо засилување, добро го познавам од Шпанија. Се работи за играч кој навивачите ќе го обожаваат. Има многу квалитети, огромна желба и неуморно работи во нападот и одбраната. Не губи топка под притисок, носи прави одлуки при дистрибуција на топката, постигнува голови, игра во одбрана… Се работи за комплетен играч. Секако, мора да продолжи да бележи прогрес и убеден сум дека ќе го стори тоа бидејќи е гладен за успех“.