Претходно, полоцијата во Ниш соопшти дека шест македонски навивачи ноќеска околу 3 часот по полноќ биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир близу салата Чаир, каде што се играа натпреварите од ракометното Европско првенство.
Според извештајот на српската полиција, шесте навивачи се степале меѓусебе, еден од нив бил полесно повреден, а против сите нив биле поднесени прекршочни пријави и биле изведени на суд. Според српскиот закон, казните за ваков престап се парични, па по плаќањето на казните, нашите навивачи ќе можат слободно да се вратат во Македонија.