петок, 25 октомври 2024

Навивачите на Пелистер навредија новинар на МТВ, реагираше и ЗНМ (ФОТО)

На денешното ракометно дерби меѓу Пелистер и Вардар, домашните навивачи истакнаа навредлив транспарент за коментаторот на МТВ, Југослав Костовски, реагираше и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
 

Објавено на

часот

Сподели

Битолската публика го навреди новинарот Југослав Костовски иако тој никако не беше поврзан со натпреварот, ниту беше присутен во салата, ниту го коментираше натпреварот.

На срамната парола пишуваше: „Југо К. вагино скопска“.

s

Веднаш стигна реакција и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија.

Имено во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаше истакнато безобразен транспарент кој се однесува на колегата Југослав Костовски.

Секцијата на спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија.

Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена“, се вели во реакцијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ