сабота, 5 октомври 2024
Англичанецот беше најдобар поединец против Порто

Навивачите на Манчестер јунајтед останаа зачудени, Тен Хаг објасни зошто го заменил Рашфорд

Маркус Рашфорд беше заменет на паузата на вчерашниот натпревар на Манчестер јунајтед против Порто, а тренерот Ерик тен Хаг даде чудно објаснување, морал да ротира.

Објавено на

часот

Сподели

Маркус Рашфорд беше најдобриот поединец на „ѓаволите“ во првото полувреме против Порто, Англичанецот постигна гол и забележа асистенција.

Напаѓачот сепак не истрча на теренот во второто полувреме, беше заменат на паузата и навивачите очекуваа дека некоја ситна повреда е причината за ова.

Но тие останаа зачудени од причината која ја даде Ерик тен Хаг по крајот на натпреварот.

„Мораме да ротираме“ – рече Холанѓанецот. „Не чека тежок натпревар во недела (против Астон Вила), па потребно е играчите да бдат свежи и подготвени“.

Многумина веруваат дека Ерик тен Хаг не ја кажува вистината, обично најдобрите играчи се вадат од игра и се чуваат за следниот натпревар при водство од 2-0 или 3-0, а не кога резултатот е 2-2.

Изминатиов период често има гласини за недоразбирања помеѓу Рашфорд и Тен Хaг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ