„Дружењето на верните навивачи на македонската репрезентација, претставниците на медиумите и на сите гости – љубители на ракометот што ќе ги бодрат нашите репрезентативци на ЕП 2012 Србија во Белград, ќе се одвива во фан-зоната во хотелот „Југославија” – 1 кат. Отворањето на фан-зоната е на 21 јануари (сабота) во 14 часот“, пишува во соопштението на РФМ до медиумите.
Веројатно гостите и персоналот на хотелот ќе бидат изненадени од присуството на Гоцевата раса во Југославија, а можеби, ако некој биде понесен од амбиентот, ќе се запее и „Од Вардара па до Триглава“…