сабота, 27 јули 2024

Навални побара подобри услови во затворот

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска преку видеоврска се појави пред судија на Врховниот суд, од кого побара подобри услови во затворот и ги оспори постоечките затворски правила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу другото, Навални побарал подолги паузи за оброци и да му се овозможи пристап до повеќе книги, објави Ројтерс.

Тој го критикуваше правилото на затворот дека затвореникот има право на само една религиозна или секуларна книга, вклучувајќи весници и списанија.

„Една книга не ми е доволна, очигледно е дека ги прекршуваат моите верски права“, рекол Навални.

Тој исто така рекол дека 10-минутната пауза е прекратка за оброк, кој се состои од две кришки леб и две шолји врела вода.

Навални (47), облечен во црна затворска униформа и стоејќи зад решетки во мала празна соба, изгледаше исцрпено, наведува британската агенција.

Тоа беше негово второ последователно појавување на суд.

Навални минатиот месец беше префрлен во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, откако неговата кумулативна казна беше продолжена на повеќе од 30 години затвор.

Навални и неговите поддржувачи велат дека многу од обвиненијата против него, кои се движат од измама до екстремизам, се измислени за да ја замолчат неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ