сабота, 27 јули 2024

Навални на суд: Путин е лудак

Објавено на

часот

Сподели

Осудувајќи ја Путиновата Русија како држава управувана од крадци и криминалци, Навални рече дека сегашните лидери на Русија на крајот ќе бидат уништени од силите на историјата и ќе горат во пеколот затоа што создале крвопролевање во Украина.

„Оваа глупава војна ја започна вашиот Путин“, рече Навални пред судот во Москва, каде што зборуваше преку видео врска од казнената колонија, пренесе Ројтерс.

„Оваа војна е започната со лаги. Еден лудак ги има зариено канџите во Украина. Не знам што сака со неа овој луд крадец“, рече Навални за Путин.

Навални претходно беше осуден на девет години во строга казнена колонија за измама и непочитување на судот. Неговата жалба денеска беше одбиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ