сабота, 27 јули 2024

Навални е пронајден, соопшти неговиот тим

Адвокатите на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални објавија дека нивниот клиент е пронајден и дека е префрлен во казнена колонија во северозападен Сибир, пренесува Си-ен-ен. На 11 декември од тимот на Навални соопштија дека изгубиле контакт со него и дека не знаат каде се наоѓа.

Објавено на

часот

Сподели

„Го најдовме Алексеј. Тој сега се наоѓа во населбата ИК-3 Харп во автономниот округ Јамало-Ненец“, објави портпаролката на Навални Кира Јармиш на Икс.

Ова место е оддалечено повеќе од 3000 километри од Москва и се наоѓа на Арктикот. Тој претходно беше во затвор на 241 километар од Москва. Јармиш рече дека адвокат денеска го посетил Навални и дека тој е добар.

„Голема благодарност до нашите поддржувачи, активисти, новинари и медиуми кои се загрижени за судбината на Алексеј и кои не се заморуваат да пишуваат за ситуацијата“, рече неговиот адвокат Иван Жданов. Жданов рече дека имало 618 барања за информација за локацијата на Навални, кој беше затворен во казнена колонија 235 километри источно од Москва.

Навални беше осуден на 19 години затвор во август, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и многу други злосторства.

Поддржувачите на Навални тврдат дека неговото апсење и затворање се политички мотивиран обид да се задуши неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ