сабота, 27 јули 2024
Време

Наутро студено, преку ден сончево

Времето во Македонија и денеска наутро е многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 7 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне до 3 степени.

И утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите во деновите потоа ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ