четврток, 27 март 2025

Науката потврди: Безалкохолен пијалак од кој најбрзо се старее

Кремите против стареење и другите трикови против стареење можат да помогнат, но има една работа што навистина треба да ја избегнувате ако не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки и ако не сакате да го поништите напорот што го вложувате за младешки изглед.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалак кој ве тера да стареете многу побрзо, а доколку се откажете од него, може да помогне да се запре предвременото стареење, пренесува Ит дис.

Се испостави дека кога станува збор за стареењето, нема полош пијалак од газираните сокови.

Оние кои редовно ги пијат имаат поголем ризик од дебелеење и одредени болести, а истражувањата покажуваат дека тоа може да влијае дури и на клеточно ниво на телото. Сето ова придонесува за нездраво и побрзо стареење.

„Редовното консумирање газирани пијалаци засладени со шеќер може да заврши со ризик од разни болести како дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе. Бидејќи ризикот од овие болести автоматски се зголемува како што старееме, премногу шеќер сигурно не помага“, изјави докторката Ејми Гудсон.

Исто така, едно истражување од 2021 година покажа дека потрошувачката на слатки газирани сокови е поврзана со промени во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа е поврзано со предвремено стареење. Авторите на истражувањето имаа едноставна препорака – заменете ги овие пијалаци со поздрав избор секогаш кога можете и вашето тело ќе ви биде благодарно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ