понеделник, 10 март 2025

Научниците открија како прескокнувањето на појадокот влијае на успехот во училиште

Прескокнувањето на појадокот може сериозно да ги наруши академските перформанси, покажа новото истражување на австралиските научници.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, спроведено на Универзитетот во Западна Австралија и други институции, покажа јасна врска помеѓу прескокнувањето на појадокот и послабите резултати на стандардизираните тестови за писменост и математика.

Резултатите беа објавени во научното списание Паблик Хелт Нјутришн.

Во истражувањето учествувале 28.651 ученик од Јужна Австралија на возраст од осум до 16 години.

Научниците ги анализираа нивните навики во исхраната и ги споредија со резултатите од националните НАПЛАН тестови, кои ги оценуваат вештините за читање, пишување и математика.

Резултатите покажаа загрижувачки тренд: 57,6 отсто од учениците го прескокнуваат појадокот најмалку еден до шест пати неделно, додека 10,1 отсто воопшто не појадуваат.

Оваа група ученици имаше значително поголема веројатност да постигне резултати под националните стандарди во сите пет категории од тестот.

Причините за прескокнување на појадокот се различни. Некои деца доаѓаат од семејства со ограничени финансиски средства и едноставно немаат пристап до квалитетна исхрана дома.

Друга причина може да биде напорниот утрински распоред што ги остава децата без време за оброк пред училиште.

Тинејџерите, особено девојчињата адолесценти, често го прескокнуваат појадокот поради загриженост за тежината и изгледот, што може да доведе до лоши навики во исхраната и долгорочни здравствени последици.

Експертите истакнуваат дека програмите за појадок во училиштата се ефикасен начин да им се обезбеди на учениците правилна исхрана. Ваквите програми можат да им помогнат на децата кои немаат пристап до здрави оброци дома и да им овозможат подобра концентрација и когнитивни функции за време на часовите.

Научниците планираат понатамошни истражувања за подобро да ги разберат причините за прескокнување на појадокот и да развијат стратегии за подобрување на навиките во исхраната на учениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ