сабота, 27 јули 2024

НАТО жестоко му одговори на Трамп: На секој напад ќе следи силен одговор

Секое навестување дека НАТО сојузничките нема да се бранат една друга ја поткопува безбедноста на Северноатлантската алијанса и ги доведува европските и американските војници во ризик, кажа генералниот секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп порача дека не би ги штител државите кои не ги плаќаат своите обврски и дека би ја „охрабрил Русија да ги нападне“.

Објавено на

часот

Сподели

„На секој напад на НАТО би следел обединет и силен одговор“, порача Столтенберг за време на посетата на Париз, пренесува Ројтерс.

Трамп вчера изјави дека за време на еден самит на НАТО му кажал на шеф „на една голема држава“ дека САД под негово раководство не би ги штитела државите „деликвенти“, но и би ја „охрабрил“ Русија да нападне која било членка на НАТО која не ги плаќа своите обврски кон воениот пакт.

Изјавата на Трамп веднаш предизвика остра критика од Белата куќа, која ја нарече „ужасна и непримерна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ