среда, 18 декември 2024

НАТО: Србија треба сама да одлучи какви односи сака со Северноатлантската алијанса

Србија треба да одлучи какви односи сака со НАТО, а Северноатлантската алијанса ќе ја почитува таа одлука каква и да е, гласи денешната порака од конференцијата „НАТО и партнерите 2024: Преку доверба до мир“ во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Досегашниот шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо изјави дека западниот воен пакт ја уважува воената неутралност на Србија, но дека таквата политика на Белград не ја оневозможува соработката. Тој оцени дека јавноста во Србија „не е сосема свесна“ колку е веќе остварено во соработката на Белград и западниот воен пакт.

Помошник министерот за надворешни работи на Србија Игор Кужелка констатираше дека постои „негативен став на граѓаните на Србија кон НАТО“. „Не смееме да го заборавиме минатото, но треба да гледаме и во иднината“, кажа Кужелка, мислејќи на четиримесечното НАТО бомбардирање на Србија во 1999 година, што резултираше со повлекување на српските војска и полиција од Косово.

Кужелка оцени дека партнерството на НАТО и Србија е засновано на „политиката на воена неутралност на Србија“, која „не значи изолација, туку прилика за соработка при меѓународните предизвици“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ