сабота, 27 јули 2024

НАТО: Руски авион ги прекрши правилата за воздушна безбедност над северен Атлантик

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од заедничкиот одговор на НАТО, Норвешка, исто така, испратила борбени авиони Ф-35А од своите воздухопловни сили.

„Во ниту еден момент руските авиони не влегоа во суверениот воздушен простор на Велика Британија“, се вели во соопштението на РАФ. „Тајфуните се лансираат за да пресретнат неидентификувани авиони што летаат во областа на интерес на Обединетото Кралство“, се додава.

Воздушната команда на НАТО соопшти дека ги кренала своите авиони откако забележала патролен авион на руската морнарица за кој вели дека ги прекршил правилата за безбедност на воздушниот сообраќај над северен Атлантик.

„Рускиот авион не леташе во согласност со меѓународните правила за воздушна безбедност и може да претставува опасност за другите авиони во регионот“, објави НАТО вчера на Твитер.

„Откако полетавме да го пресретнеме рускиот авион, бевме во близок контакт со контролорите на борбениот простор на РАФ, кои нѐ упатија кон авионот и пренесуваа наредби во текот на целиот период, осигурувајќи дека во секое време можеме да потврдиме каде е и што прави“, рекол еден од пилотите на тајфунот на РАФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ