сабота, 27 јули 2024

НАТО: Русите напредуваат на фронтот, големата офанзива не ги даде очекуваните резултати

Генералниот секретар на НАТО ја опиша ситуацијата на бојното поле во Украина како „исклучително тешка“ за Киев. Столтенберг додаде дека долго најавуваната контраофанзива не ги дала очекуваните резултати.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата на бојното поле е исклучително тешка, Русите сега напредуваат на многу линии на фронтот и секако големата офанзива што ја започнаа Украинците минатото лето не ги даде резултатите на кои сите се надевавме“, изјави Столтенберг за време на сесијата „Обезбедување на небезбеден свет“ на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Шефот на НАТО додаде дека Русија жестоко се бори и напредува во Украина и дека таа „никогаш“ не треба да се потценува.

Уште неколку западни функционери признаа дека украинската контраофанзива досега била неуспешна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ