сабота, 27 јули 2024

НАТО полни 75-години, а Македонија 4 години членство, се организира прослава

На Воениот стадион во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. Македонија беше примена како 30-та членка на Алијансата. Влезот на Македонија во НАТО се очекуваше пред 15 години заедно со Хрваска и Албанија како дел од Јадранското јато, но Грција и покрај цврстиот став на САД, во 2008 година на Самитот во Букурешт стави вето поради името Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува до прославата по повод членството во овој воен сојуз, граѓаните на Скопје ќе можат да го посетат Отворениот ден на кој покрај изложените воени средства, возила и опрема, ќе може да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња, како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

Меѓу изложените воени возила ќе бидат и најновите JLTV оклопни возила, Кобра, армиски хеликоптер МИ/17 и машина –робот за пронаоѓање експлозивни направи.

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, ќе бидат претставени професијата воен пилот и можностите за прием во Армијата како професионални војници, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ