сабота, 18 мај 2024

НАТО почна голема воена вежба, Русија тврди дека тоа е подготовка за војна

Четиримесечната воена вежба на НАТО во близина на руската граница, наречена „Непоколеблив бранител“, се доказ дека воениот сојуз се подготвува за потенцијален судир со Русија, изјави портпаролката  на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Захарова ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против неговите членки, тврдејќи дека станува збор за дезинформации чија цел е пренасочување на вниманието од активностите на Алијансата.

НАТО е тој кој води хибридна војна против Русија поддржувајќи го Киев со оружје, разузнавачки и финансиски, кажа Захарова.

„Во моментов најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непоколеблив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се вежбаат со користење на сите инструменти, вклучувајќи хибридно и конвенционално вооружување“, додаде Захарова. „Мораме да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“.

Најавувајќи ја вежбата во јануари, НАТО објави дека ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе вежбаат сценарио за помош на американските трупи на европските во државите кои граничат со Русија и на источното крило ако конфликтот се разгори.

Вежбата ќе трае во мај, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ