петок, 18 октомври 2024

НАТО не покажува знаци дека во скоро време ќе ја прими Украина во членството

Западниот воен пакт НАТО не покажува ниедна назнака дека би можел да ја покани Украина во своето членство во кое било време во скората иднина, а сојузниците во меѓувреме бараат од украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе детали за неговиот „план за победа“ во војната со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централната точка на планот на Зеленски е две години старото барање НАТО да почне „забрзана процедура“ за примање на Украина во членството, за таа да ја добие воената заштита на Северноатлантската алијанса во конфликтот кој Русија го почна во февруари 2022.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одби да го поздрави „планот за победа“ и само кажа дек тој и сојузниците „го добиле на увид“. Не кажа ништо на темата кога Украина би можела да се придружи на западниот воен сојуз, освен што истакна дека Украина ќе стане членка.

„Планот има многу аспекти, и ние многу политички и воени прашања мораме да ги поминеме заедно о Украинците за да сфатиме што стои зад сето тоа, да видиме што можеме, а што не можеме да направиме“, кажа Руте во седиштето на НАТО во Брисел.

Агенцијата Асошиејтед прес ја оценува неговата реакција како „придушена“.

„Сите сме во близок контакт со сојузниците, со Украина, за да видиме како можеме да ги преземеме следните чекори“, додаде Руте, кој не сакаше да објасни што сака НАТО дополнително да дознае, туку само им кажа на новинарите: „Не можам да ви дадам увид во тоа“.

За сега, укажа шефот на НАТО, фокусот мора да биде на тоа да ѝ се помогне на Украина да врати назад од Русија повеќе од својата територија и да ја зајакне својата позиција во кои било мировни преговори во иднина.

Кредибилитетот на НАТО се заснова на колективната безбедносна гаранција од членот 5 на својот основачки акт. Тој содржи обврска на сите 32 земји членки да ѝ помогнат на која било земја членка чиј суверенитет или територијален интегритет се нападнат.. Но, тоа не се однесува на партнерските земји како Украина.

Зеленски треба елементите на својот план да им ги објасни на лидерите на Европската Унија денес, а повеќето тие земји се во НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ