сабота, 27 јули 2024

НАТО издвојува повеќе од милијарда долари за надополнување на резервите на муниција на членките кои воено ѝ помагаат на Украина

НАТО денеска потпиша договор вреден 1,2 милијарди долари за изработка на муниција за надополнување на намалените резерви во земјите-членки на алијансата кои ѝ помагаат на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Војната во Украина стана битка за муниција“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по церемонијата на потпишување во седиштето на западната воена алијанса во Брисел.

Договорена е набавка на 220.000 гранати од хаубичка муниција со калибар 155 милиметри, што е најбараната артилериска граната според НАТО.

„Ова е важно за да ја одбраниме сопствената територија, да изградиме сопствени резерви, но и да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Не можеме да дозволиме претседателот (рускиот Владимир) Путин да победи во Украина. Тоа би било трагедија за Украинците и опасно за сите нас“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според проценките на Европската унија, Украина минатото лето дневно стрелала од 4.000 до 7.000 артилериски гранати, а Русија повеќе од 20.000. Руската наменска индустрија значително ја надминува Украина, па на Киев му е потребна помош за да се одбрани.

Сепак, новите гранати нема брзо да пристигнат. Според НАТО, испораката ќе пристигне за 24 до 36 месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ