вторник, 28 мај 2024

НАТО има нов долгорочен план за вооружување на Украина, Унгарија нема да учествува: Тоа е лудачка мисија

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за воена помош на Украина, кажа шефот на унгарската дипломатија, нарекувајќи го планот „лудачка мисија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сојузниците од НАТО се договориле во април да почнат планови за долгорочна воена поддршка на Украина преку формирање фонд вреден 100 милијарди долари. Според плановите, НАТО би презел дел од координацијата од коалицијата предводена од САД, наречена Рамштајн група.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повтори дека унгарската влада е против тој план. „Унгарија нема да се придружи на оваа лудачка мисија и покрај сите притисоци“, порача тој на Фејсбук.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковац, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на западниот воен пакт, објави на социјалната мрежа Икс дека Унгарија нема да поддржи никакви предлози на НАТО кои би можеле „да ја приближат Алијансата до војна или да го претворат од одбранбена во офанзивна коалиција“.

Односите на Будимпешта со НАТО се напнати бидејќи Унгарија одолговлекуваше со ратификацијата на влегувањето на Шведска во воениот пакт, што на крајот го направи во март.

Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман порача претходно дека сојузниците од НАТО ја предупредуваат Унгарија на опасноста од „блиските и широки“ односи со Русија и дека, ако тоа биде политичкиот избор на Будимпешта, „ќе мора да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ