сабота, 27 јули 2024

НАТО: Ако се утврди дека финскиот гасовод е нападнат, одговорот ќе биде решителен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа денес дека САД и НАТО ги поддржуваат Финска и Естонија во нивната истрага за штетата на гасоводот и телекомуникацискиот кабел под Балтичко Море. Министрите за одбрана на НАТО разговараа за инцидентот на состанокот денес во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

„Стоиме со НАТО сојузниците Финска и Естонија додека ја истражуваат штетата на подводната инфраструктура во Балтичко Море, ја поддржуваме нивната истрага за да се открие причината“, напиша Блинкен на Икс (Твитер).

Штетата на гасоводот Балтиконектор и телекомуникацискиот кабел беше потврдена во вторникот откако финската компанија Гасгрид во неделата за време на невреме забележала пад во притисокот и потенцијално истекување. Генералниот секретар на воениот пакт Јенс Столтенберг во Брисел кажа дека, ако се открие дека инцидентот бил напад, „ќе има обединет и решителен одговор“ на НАТО сојузниците.

„Сојузниците изразија силна солидарност со Естонија и Финска додека работат на утврдувањето на фактите. НАТО и сојузниците споделуваат информации за да ги поддржат нивните напори“, кажа Столтенберг. Истакна дека подводната инфраструктура е „екстремно ранлива“.

„Зборуваме за илјадници километри кабли и гасоводи и нормално дека е невозможно да се има воено присуство долж цела таа инфраструктура во секое време“, додаде Столтенберг.

Финска влезе во НАТО во април годинава, а Естонија во 2004 година. Финските разузнавачи претходно денес соопштија дека не можат да ја отфрлат можноста дека „државен актер“ учествувал во оштетувањето на инфраструктурата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ