сабота, 27 јули 2024

НАТО ѝ порача на Србија: Одлучете во која насока сакате да одите

„НАТО целосно ја почитува политиката на воена неутралност на Србија, како и нејзината одлука да остане на ниво на партнер. Фактот што Србија не сака да се придружи на НАТО не нè спречи во постигнувањето одлични досегашни резултати. Од Србија зависи ко пат сака да го избере, според тоа како ја гледа својата иднина. Која одлука Србија и да ја донесе, нормално, НАТО ќе ја почитува. Верувам дека обостраната почит е почетна точка на секој однос“, оцени бригадниот генерал Џампјеро Романо, шефот на воената канцеларија за врска во Белград за Демостат.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека официјален Белград треба да одлучи во која насока и на кој начин сака да го развива партнерството со воениот пакт и наведе дека граѓаните на Србија не се целосно свесни колку НАТО работи и постигнува „преку партнерството“, колку високо ја цени и почитува Србија, особено во време кога дезинформациите и лажните вести станале дел од секојдневниот живот.

„НАТО го цени долготрајното партнерство кое го гради со Србија од 2006 година, кога Србија се придружи на програмата Партнерство за мир. Веќе 17 години Србија и НАТО развиваат широка и обострано корисна соработка и заедно пружаат поддршка на реформите, безбедноста и стабилноста во регионот на Западен Балкан и поширокиот евроатлантски регион“, кажа Романо.

Тој додаде дека е свесен дека НАТО и понатаму е контроверзна тема поради бомбардирањето во 1999 година и потсети дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг неодамна им изразил сочувство на сите кои изгубиле сакани на двете страни.

„Не смееме да го заборавиме минатото, но можеме да работиме заедно и да одиме понатаму. Тоа е она што Србија и НАТО го прават преку партнерството, одат кон подобра иднина. Повторувам, верувам дека не смееме да го заборавиме минатото, но можеме да одиме напред, како што се случи во Италија, на пример, по Втората светска војна. Ние тогаш претрпевме многу загуби, не само во животи туку и во споменици, инфраструктура, култура и друго. Но потоа одлучивме да гледаме кон иднината, да одиме напред и сега сме тука каде сме. Се надевам дека Србија во иднина ќе биде уште поуспешна од Италија“, кажа Романо.

Околу воената соработка, тој го спомна учеството на Србија во мировните мисии под закрила на ОН или ЕУ и како пример наведе дека војници на Србија работата заедно со италијански војници во Либан.

„Значи, како што можете да видите, Србија и НАТО се поблиски отколку што се чини на прв поглед“, оцени тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ