сабота, 27 јули 2024
ОЈО отвори истрага, а на осомничениот му е определен притвор

Натерал душевно болен човек на сексуален чин и во живо го пренесувал на Јутјуб

Дваесет и тригодишен битолчанец е осомничен дека полово злоупотребил лице со трајно душно заболување, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на Јутјуб, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму информираат дека Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, кој се товари за кривичното дело полова злоупотреба на немоќно лице според член 187 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).

„На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Дополнително, на предлог на надлежниот јавен обвинител Основниот суд во Битола на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ