петок, 18 октомври 2024

Наташа Стевановска

Објавено на

часот

Сподели

 

Никогаш не сум имала амбиции да бидам модел и не сум се обидела

Наташа е дипломиран професор по македонски и италијански јазик. Заради љубовта кон италијанскиот, основаше училиште за странски јазици „Friends“, во кое подолго време предава италијански јазик.
„Како дипломиран италијанист, пред мене стоеше императив не само да се биде во постојан контакт со јазикот, туку и во постојан контакт со многу луѓе што во одредена мера би придонеле за мојата надоградба. Мојот начин да го реализирам тоа беше основање јазичен центар. Таму моите амбиции од ден на ден стануваат реалност.
Се обидувам од центарот да направам место во кое луѓето не само што ќе го изучуваат странскиот јазик туку и ќе се забавуваат. И доколку моите колеги и учениците го чувствуваат училиштето како вистинско семејство, а се надевам дека е така, мојот успех е постигнат“, вели Наташа.
Убавата Наташа во слободно време ја следи и модната сцена, па смета дека од Македонките најуспешен модел е Катерина Иванова: „Катерина постојано и го докажува тоа“.
Што се однесува до негата, редовно посетува козметичар, еднаш месечно.
Со кремите пак експериментира, често ги менува. Моментално ги користи кремите на „Афродита“.
Со ставата никогаш немала проблем, ниту со килограмите. Наташа е поранешна играорка и навикната е на физичка активност.
И сега вежба, како што вели, „кампањски“, со мали паузи, но секогаш му се враќа одново на спортот.

Ја сака италијанската храна, а со тежината никогаш немала проблем

„Се обидувам да се хранам здраво, иако признавам дека не е секогаш така. Моја омилена кујна е италијанската и можам, како секој Италијанец, да јадам паста буквално секој ден, приготвена на различни начини. Најмногу ја сакам пастата со сос од домати и пармезан („pasta al pomodoro e parmigiano“), која најлесно се приготвува и е наједноставна“, раскажува таа.
Многу работи ја прават среќна Наташа. Мали, ама важни нешта. Среќна ја прави нејзиното семејство, внуката Дариа, среќна е и со своите ученици, среќна е кога работи бидејќи вистински ужива во тоа. Но и обичното кафе испиено со пријателите ја радува. Среќна е кога слика, тоа е нејзиното хоби и во него наоѓа мир.
И секако, љубовта.

Наташа е реализиран професор по италијански јазик

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ