сабота, 25 мај 2024

Наставниците од Карпош ќе ја зајакнуваат сајбер безбедноста

Во рамки на основните училишта Братство, Војдан Чернодрински и Аврам Писевски од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47 наставници од сите десет основни училишта кои функционираат на територија на општина Карпош. Станува збор за еден вид на стручна подготовка на наставниот кадар од училиштата во Карпош, со цел да се зајакнат нивните капацитети при примена на мерките за сајбер безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Обуките во училиштата се имплементираа како дисеминација на претходно спроведениот проект на Аналитика, насловен како „Развој на културата на сајбер безбедност во образовниот систем на Северна Македонија“.

Поддржувач на проектот е Фондацијата Отворено општество – Македонија, а обуката ја спроведоа Маја Христовска и Ана Дионисиева кои притоа ја презентираа едукативната алатка „Безбеден интернет“.

Инаку, Карпош е првата општина во која ќе се промовира оваа мобилна апликација, а истата достапна на платформата Play Store: https://shorturl.at/huBCK

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ