вторник, 5 март 2024

Насловните страници на српските таблоиди: „Србија го кажа своето“ (ФОТО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ, чие име го носеше изборната листа на владејачката Српска напредна партија (СНС), прогласи синоќа освојување на апсолутното мнозинство на предвремените парламентарни избори и предност на СНС на изборите за Белград. Во проекцијата на Ипсос, листата на Вучиќ освојува 128 од 250 мандати во српскиот парламент.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ во изборниот штаб на СНС кажа дека партијата никаде во Србија не добила помалку гласови од изборите пред една година, туку 10 отсто повеќе отколку во 2022. Тој кажа дека, според резултатите на СНС, втора по бројот на освоени гласови е листата на опозициската коалиција „Србија против насилството“ со 28 до 29 отсто од гласовите. Според Ипсос, тоа се 66 мандати во парламентот.

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да сопре“ на изборите за собранието на град Белград освоила 38,5 отсто од гласовите, а второпласирана е листата „Србија против насилството“ со 35 отсто поддршка од гласачите. Со шест отсто гласови следи конзервативната коалиција НАДА, 5,4 отсто ќе има Социјалистичката партија на Србија на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, а околу 5,1 листата на лекарот Бранимир Несторовиќ.

Ова се насловните страници на српските таблоиди ден по изборите:

србија

србија

србија

србија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ